• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

СЛОБОДАТА Е НАПАДНАТА. ВО ТЕК Е НОВА КЛАСНА БОРБА МЕЃУ КОНТРOЛИРАНИТЕ И КОНТРОЛОРИТЕ

мај 19th, 2019 Колумна коментари 903

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СЛОБОДАТА Е НАПАДНАТА. ВО ТЕК Е НОВА КЛАСНА БОРБА МЕЃУ КОНТРOЛИРАНИТЕ И КОНТРОЛОРИТЕ

Од памтивек на овој етнолошко-географски простор наречен Македонија неизбежен е миксот на различности.
Место каде истокот и западот во ова наше секојдневие дифузираат создавајќи еден нов сет на вредности кои му даваат посебен белег на самиот простор.

Влијанието на ориенталните источни културолошки вредности со менталитет кој варира од блиско-источна топлина до далеку-источна наивност се осеќаат како вредносни системи во срцето на Балканот, сега во денешен модерен контекст можеби повеќе од било кога до сега како резултат на глобалните сообраќајни конекции од секаков аспект.
Сепак тоа влијание е недоволно за Македонската политичка елита и целокупниот општествен контекст во Македонија, да биде забележително ефектуирано во реален практичен контекст на територија на нашата држава.

Затоа така како што сонцето се движи од исток на запад, вниманието и целите на Македонскиот политички естаблишмент веќе неколку децении од осамостојувањето на Република Македонија доминантно тежат кон западно-европските и про-американски вредносни придобивки.

Колку ваквите политичко- стратешки интереси се автохтона изјава на определување на Македонските граѓани е сосема друга приказна вредна за обработка. Најмногу имајќи го предвид фактот и интензитетот на влијание на странските разузнавачки и системски алатки на влијание на западните демократии во Македонија, во срцето на Балканот.

Како акцент, станува збор за истиот тој Балкан кој беше бразда на разграничување помеѓу биполарниот свет на влијание во време на студената војна само од пред 3 децении.

Денес во услови на целосно ново преструктуирање на центрите на моќ на светско ниво, Македонија (додуша со импутирана додавка со терминот на “с”) раководена од актуелниот политички естаблишмент со целокупната негова неспособност и самобендисаност, забревтано гравитира кон т.н. единствен глобален интернационално-безбедносен систем наречен НАТО и ветениот рај на Европската Унија.

Притоа огромна бројка на граѓани на Македонија по разно-разни основи (пред се социјално-егзистенцијални но и културолошки, политички и воопшто цивилизациски причини) веќе се влезени во земјите на Европската Унија и НАТО. И само тие си знаат како работат и заработуваат за свој подобар живот, за нив и нивните семејства.
Истовремено проблемите во Македонија продолжуваат да се туркаат под тепих, никој не отвара суштинска дебата со моќ на влијание врз тековните проблеми со кои се соочува овој гео-политички простор запечатен во границите на Македонија.

Постојано од огромно мнозинство на резидентни Македонци на територијата на нашата држава се чека тоа подобро утре да дојде, некој да ни’ ги реши проблемите и да не’ спаси од мизеријата во која сами сме заглавени со децении.

Ваквиот индикатор на анестезиран или умртвен граѓански активизам кој е автохтон и произлезен од Македонскиот народ и цивилизациски вредности кој не се спонзориран од нечиј странски интерес, е речиси невозможно да се сретне низ државата. 
Познавам неколку граѓански организации кои се своевиден крик на постоење на автохтона граѓанска мисла и кауза, но тоа е зрно песок во оваа наша граѓанска пустина на заборавот.

Автохтоната граѓанска слободарска мисла за заштита и афирмација на интересите на граѓаните на Република Македонија е во опасна дефанзива, пред се како резултат на странските интереси за формирање на аморфна маса на граѓани кои совршено би се вклопиле во тој нивен туѓ систем на вредности, кој колку и да би бил совршен сепак е наметнат без можност за дискусија и компромис.
Можеби Македонските граѓани имаат ниско ниво на граѓански капацитет, но проблемот не се решава со наметнување на туѓ вредносен систем во услови на глобализација а по мерка на законот на џунглата.

Можеби спомнувањето на Македонскиот народ во овој контекст е себично, но сличната слика се повторува со голем број на други народи во различни етно-географски региони на земјата кои обременети со сопствени дневно-политички внатрешни конфликти го трпат јаремот на индоктринација на туѓите интереси можеби повеќе и од Македонскиот народ т.е. граѓани.

Ваквиот негативен анти-цивилизациски тренд на аморфизација на граѓаните ќе допринесе за конфликт од пошироки размери, затоа што системот тежи кон унифицираност и монотеизам на мислата, што е во директен судир со слободарската природа на индивидуализмот на човековото битие.

Контролираната слобода на индивидуализмот исто така е своевидна опасност, која можеби ќе го пролонгира ваквиот неизбежен конфликт на подолго време пред истиот да ескалира, но резултатот повторно би бил катастрофален.

Биполарниот свет на две супер сили кој што во минатото обезбедуваше баланс на политичките односи во светот, сега ќе биде сведен на биполарен свет на политички идеологии во кои либерализмот и конзервативизмот ќе бидат навидум изборот на светското население, но во принцип и во реалност ќе биде свет на поединци кои се контролирани и поединци кои вршат контрола.
Таа идна класна поделеност на контролирани и контролори во основа на својот бит го содржи прашањето на апсолутната слобода и независност.

Колку е слободен секој од нас во вистинска смисла на зборот, тоа е прашањето кое секој би требало да си го постави пред лицето на иднината и стратешките цели кон кои сме тргнале или допрва ќе тргнуваме.

Пишува: Рееволуционер

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Што се случува со пензиите на пензионерите кога СДСМ е на власт?
Следна објава Избор на уредникот: Колекција од најдобри филмови на сите времиња
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 550
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 561
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 562
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 537
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 467
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 890
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 568
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 705
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 696
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4282
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1805
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 583
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201734
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.