Доближувајќи се се’ повеќе до изборите, популистичките изјави на претставниците на власта стануваат се помегаломански. Дополнително во очи на јавноста ваквите обиди на актуелната власт од ден на ден се се повеќе прочитани како гола реторика и пропаганда во функција на постигање одредена политичка корист за СДСМ во чиј што интерес се насочени ваквите изјави на претставниците на институциите. И сето тоа наспроти очајните состојби речиси во сите сфери на животот и работата на граѓаните кои секојдневно на свој грб ги чувствуваат “придобивките” од ваквите популистички изјави.
Како проблематична ситуација на користење на државни ресурси кои се располагаат од страна на институциите во име на граѓаните иако не е опфатена во некоја законска норма сепак нивото на демократизација на општеството и угледот на државата пред институциите на Европската унија се доведени во прашање во очи на евроинтегративните процеси.
И ваквата груба злоупотреба на државни ресурси во функција на постигање на политички цели за една партија секако ќе биде нотирано во извештајот на ЕУ за Македонија пред наредниот самит кој што треба да ги верификува напорите на Македонските граѓани за пристапување кон унијата.
Токму во таа насока оди и упатувањето на денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Штип каде се критикува власта за злоупотреба на државни ресурси во пропагандни цели на СДСМ. Дополнитело од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја проблематизираат вистинитоста на и вака пласираните пропагандни пораки од претставниците на институциите во државата.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално во целост нивната реакција на Прес конференција на СДСМ ОО Штип во која се пласираат информации за реализирани проекти од страна на институциите под нивна контрола:
“Лажните вести на СДСМ стигнуваат до таму дека изградиле 500 км патишта – а не сме виделе ниту еден, но и дека поставуваат водовод и канализација во секое населено место, ама не можат да променат една обична цевка.
И наместо да реагираме на нивните неосновани фалби, во кои врие од лаги и невистини, и со кои лицемерно ја манипулираат јавноста, би сакале да им поставиме неколку прашања, за да се дообјаснат.
Дали после две години, конечно ќе се пушти мостот на река Брегалница?
Дали до крајот на мандатот ќе успеат да ги завршат 100-те метри од коритото на река Отиња?
До каде се со реализацијата на жичарата до Исарот?
Или, во овие проекти не можат да изнудуваат рекет, па затоа не се на дневен ред кај владеачката партија?”
-реагираат од Центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.


