Поддршка и глас за Македонците на локалните општински избори во Ешалан, Ивердон и Екублан, Швајцарија
На 7 ми март 2021 година, се одржуваат локалните избори за пополнување на општинскиот совет во Ешалан и Ивердон , каде учество најавија и неколку Македонци. Така во изборната листа 5, ќе се најде Јулијана Крцева од Entente Echalens, Велков Павле ќе биде во 4 изборна листа во Ecublens, додека Бране Трајчевски ќе се појави во изборната листа на UDC во Ивердон.
Нивното учество и борба за влегување во општинските совети ќе допринесе и за позитивна слика за Македонците во Швајцарија како и овозможување на културни и економски мостови меѓу Швајцарија и Македонија.
Да им овозможиме нивен непречен избор со наша масовна поддршка во дадените општини.
Напред Македонци!
-фејсбук статус на Драган Стоиловски.


