Секој ден од 100-200 илјади украински граѓани ги напуштаат своите родни огништа пред налетот на воените операции на армијата на Руската Федерација. Тие заминуваат пеш, со приватни автомобили, автобуси и со возови кон западната граница на Украина барајки засолниште во соседните држави Полска , Унгарија, Романија, Молдавија, Словачка. Десет денови по руската инвазија на Украина над 1.5 милиони украинци ги напуштија своите домови и побегнале на сигурно надвор од границите на Украина.
Од Организацијата на Обединетите нации проценуваат дека оваа бројка во наредните недели и месеци може да достигне до над 4 милиони бегалци. На тој начин со ваква стапка на бегалци, ова ќе биде најголемата бегалска криза која што Европа ја има доживеано, соопштуваат од ООН. Комесарот за бегалци на ООН Филипо Гранди заклучува дека во неговата 40 годишна кариера на работа со бегалски ситуации, украинската криза е со набрз процент на пораст на бегалци што го видел. Според него досега бегалците се третираат со огромни акти на хуманост и гостопримство.
Евроската Комисија усвои директива со која што бегалците од Украина можат да претстојуваат во земјите на ЕУ и да се вработуваат на период од 3 години.


