Еден од условите во договорот постигнат меѓу претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот во оставка од СДСМ Зоран Заев за формирање на ново парламентарно мнозинство е формирање на ново министерство за дијаспора во новата влада.
Тоа на терен би значело целосна контрола на комуникацијата и работата со организациите на исселениците од страна на новиот коалициски партнер во владата која ја подготвува Зоран Заев.
Колку од овие проблеми ќе бидат решени во претстојниот мандат на владата со новото министерство за дијаспора оставаме да видиме во наредниот период.


