Во пресрет на неделниот прв круг од изборите за претседател на Франција кандидатката на десницата Марин Ле Пен сериозно се приближи со рејтингот на актуелниот претседател Емануел Макрон. Во пресрет на гласањето разликата во рејтингот меѓу Макрон и Ле Пен е во рамки на статистичка грешка што сериозно ја зголемува можноста за победа на десницата во вториот круг имајки го во предвид општото незадоволство на француските граѓани од политиките на Макрон.
Поранешниот француски премиер Мануел Валс кој што ја поддржува Ле Пен соопштил за француската јавност дека е дојдено времето на “една минута до полноќ” преку својата колумна во понеделникот. Во прилог на оваа објава оди и исказот на Макрон од предизборниот митинг во саботата на кој што соопштил дека “екстремистичката закана денес е поголема отколку што била пред неколку месеци”.
Последното мерење на јавното мислење покажува незначителна предност од 51.5% во водството на Макрон наспроти 48.5 % поддршка за Ле Пен, што е сериозен пад на рејтингот на Макрон од 2017 година кога победи со разлика од 33%.
Вториот круг на претседателската трка во Франција ќе се одржи на 24 април кога ќе се знае дали бранот на победа на десничарските опции ќе продолжи во Европа, по победата на Орбан во Унгарија и онаа на Вучиќ во Србија во неделата.


