• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Свет
Европа

Прекинување и поништување на преговорите со Бугарија бара Координативното тело на Македонците во Европа поддржано од повеќе други значајни организации

ноември 6th, 2020 Европа коментари 883

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Прекинување и поништување на преговорите со Бугарија бара Координативното тело на Македонците во Европа поддржано од повеќе други значајни организации

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на реакцијата на организацијата Координативно тело на Македонците во Европа во врска со преговорите на властите во северната вештачки и противзаконски октроирана творба со владата на Бојко Борисов во Софија:

“Како реакција кон недоличните барања на бугарската дипломатија за ревидирање на македонската историја, јазик и постоење како посебен народ, Македонците во светот повикуваат на прекинување на сите преговори со Бугарија поврзани со идентитетски прашања. Секоја негација на македонскиот јазик, историја и идентитет од страна на соседите повлекува морална, национална и лична одговорност на Македонецот во одбраната на истите. Македонците во светот, со голем гнев и разочараност го осудуваат секој понатамошен “договор” со Софија со кој експлицитно се бара преименување на историјата и бришење на македонската вековна историска поврзаност и посебност. Причина повеќе и поради ставот на Советот на ЕУ од 25 март годинава, во кој се внесени забелешките на Бугарија за отпочнување на идни преговори. Имено, Бугарија како сосед и земја членка на ЕУ, отворено бара од Македонија да се откаже од македонскиот јазик и да се употребува само “службениот јазик на Република Северна Македонија.” Истовремено, Бугарија бара да се откажеме од постоењето на македонско малцинство во Бугарија, да прифатиме бугарско толкување на сопствената историја, што вклучува откажување од најзначајните македонски херои и нивно префарбување во Бугари. Со неотфрлањето на овие бугарски барања, ЕУ ги погазува своите сопствени вредности и принципи содржани во Договорот на Европската Унија, каде експлицитно се наведува во член 4 , “ ЕУ ги почитува и се залага за националниот идентитет на секоја држава“ како и промоција и реализирање на националните културни и историски вредности (член 167).

Појдувајќи од фактот што ЕУ се заснова на “почитување” на основните вредности за човечко достоинство, слобода и демократија во правна држава и има за цел почитување на различните култури и јазици (член 2 и 3), тогаш логички се поставува прашањето, зошто Македонецот е третиран надвор од овие принципи и критериуми? Дали Македонецот не е доволно човек за му се почитува основното право на изразување, самосвест, и самосознание на своето минато?

Ја повикуваме Европската Унија да го почитува нашето постоење како Македонци, да го уважи нашето право да си ја вреднуваме сопствената историја и да си го негуваме сопствениот јазик. Идентитетските прашања никогаш не биле и не треба да бидат предмет на разговори и преговори. Тие се право на поединецот и заедницата, што се над секоја држава или политички субјект. Можеби е време да се смени процедурата на тотален консензус во ЕУ, каде некои земји членки од злонамера го кочат проширувањето и наметнуваат анти-цивилизациски услови за земјите кандидати.

Консензусот не е добродет ако со него се газат многу повозвишени вредности и се подриваат темелите на демократска, обединета, различна но сплотена, ЕВРОПА. И покрај сите премрежја со кој се среќаваме, Македонците во светот ја продолжуваат својата борба за промовирање на националните вредности преку изучување на македонскиот јазик, култура и историја, како и комплетна негација на “северната творба и нејзините институции”

Никогаш с…. Секогаш Македонија

Женева, Лондон, Брисел, Хелсинки, Берлин, Сиднеј, Мелбурн, Торонто, Њујорк, Вашингтон,

6 ноември , 2020 година

Координативно Тело на Македонците во светот

Организации и здруженија потписници:

Координативно Тело на Македонците – Европа

Македонски Национален Совет – Швајцарија

Македонска Заедница – Обединето Кралство

Македонско Финско Здружение – Финска

Македонска Заедница – Германија

Совет на Македонските Општини – Австралија

Обединети Македонци, Светски Македонски Конгрес – Канада

Обединета Македонска Дијаспора – САД, Австралија, Канада, Европа”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Сашо Тасевски: Венко е најголемиот верник дека коронот е умрено
Следна објава Порака на угостител до Филипче и Заев: Никогаш повеќе не треба да слушнете "Здраво, повели"
Може да Ве интересира:
Започна новата наставна година по Македонски јазик за децата во Швајцарија
Европа

Започна новата наставна година по Македонски јазик за децата во Швајцарија

септември 13th, 2022 1108
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

септември 4th, 2022 537
Најава за протест на Македонците пред француската и бугарската амбасада во Брисел против геноцидниот "Француски предлог"
Европа

Најава за протест на Македонците пред француската и бугарската амбасада во Брисел против геноцидниот "Француски предлог"

јули 26th, 2022 679
Врвот на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија оствари средба со Премиерот Виктор Орбан
Европа

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија оствари средба со Премиерот Виктор Орбан

јули 25th, 2022 499
Протест на Македонската заедница пред француската и бугарската амбасада во Лондон против т.н. француски предлог
Европа

Протест на Македонската заедница пред француската и бугарската амбасада во Лондон против т.н. француски предлог

јули 24th, 2022 1402
Македонскиот национален совет од Швајцарија со поддршка на протестите против прифаќање на францускиот предлог
Европа

Македонскиот национален совет од Швајцарија со поддршка на протестите против прифаќање на францускиот предлог

јули 14th, 2022 476
Членови на здружението "Александар Македонски" беа дел од јавен настан во Ивердон, Швајцарија
Европа

Членови на здружението "Александар Македонски" беа дел од јавен настан во Ивердон, Швајцарија

јуни 28th, 2022 657
Во кантоналниот образовен систем на Швајцарија постои Македонски јазик без фусноти и забелешки
Европа

Во кантоналниот образовен систем на Швајцарија постои Македонски јазик без фусноти и забелешки

јуни 24th, 2022 529
Со пригодна свеченост заврши за оваа година наставата за Македонските дечиња по Македонски јазик во Шведска
Европа

Со пригодна свеченост заврши за оваа година наставата за Македонските дечиња по Македонски јазик во Шведска

јуни 21st, 2022 571
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1886
Маж на денот
Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

Австралијански пожарникари со заводливи фотографии за новиот календар за 2019-та година

2107
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.