Премиерот на Велика Британија Тереза Меј денеска се соочи со горчливата вистина.
Со огромно мнозинство и разлика од 230 гласови на пратеници во Британскиот парламент денеска беше отфрлен договорот за напуштање на Европската унија од страна на Велика Британија (т.н. Брегзит).
Во својата изјава кон парламентот Тереза Меј изјави:
Парламентот го кажа своето мислење и Владата ќе послуша.
Јасно е дека пратениците не го поддржуваат договорот за Брегзит. Но вечерашново гласање не кажува што поддржува парламентот. Ништо за тоа како- или дури дали ќе се одговори на волјата на британските граѓани искажана на референдумот за ова прашање.
После тоа во својот говор пред парламентот Тереза Меј зборуваше за суштината на постигнатиот договор кој беше ставен на гласање пред тоа.
Овој договор меѓу Владата на Велика Британија и Европаската комисија беше отфрлен со 202 гласови ЗА и 432 гласови ПРОТИВ во Британскиот парламент
После ваквиот исход портпаролот на Европскиот совет изјави:
Жалиме за исходот од гласањето, и апелираме владата на Обединетото кралство да ги разјасни што е можно побргу своите намери за наредните чекори кои ќе бидат превземени. Европската унија ќе остане обединета и одговорна така како што бевме низ целиот овој процес и ќе бараме начин за да се минимизира штетата од Брегзитот.
Ќе ги продолжиме нашите подготовки за сите можни сценарија, вклучувајки го и сценариото без да се постигне договор со Велика Британија. Ризикот од хаотично напуштање на Европската унија од страна на Велика Британија е зголемен после ова гласање, и бидејќи не сакаме тој хаос да се случи ќе бидеме подготвени за ваквото сценарио.
Со жалење го прифаќам исходот на гласањето во парламентот вечерва. Апелирам Обединетото кралство да ги разјасни своите намери колку што е можно побргу. Времето речиси истече.
-напиша на твитер Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
I take note with regret of the outcome of the vote in the @HouseofCommons this evening. I urge the #UK to clarify its intentions as soon as possible. Time is almost up #Brexit https://t.co/SMmps5kexn
— Jean-Claude Juncker (@JunckerEU) January 15, 2019


