Претседателот на здружението Илинден 1903 од општината Кантле, Нормандија, Република Франција Смиле Петровски упати известување во јавноста дека пред неколку денови започнала наставата по Македонски јазик за Македонските деца кои што живеат во оваа општина. Здружението во соработка со општината Кантле овозможува настава по мајчин Македонски јазик секоја сабота во термин од 09.00 до 13.00 часот.
Наставата ја изведува наставничката Елица Атанасовска Стојанов за чиј што ангажман членовите на ова здружение упатуваат посебна благодарност.
Од здружението Илинден 1903 ја изразуваат својата гордост со овие деца кои што издвојуваат дел од своето време за да го изучуваат својот мајчин Македонски јазик.

“Во сабота на 25 септември почна наставата по македонски јазик со физичка присутност. Општината Кантле, Нормандија на здружението “Илинден 1903” и отстапи просторија за школската 2021/2022 год. секоја сабота од 09,00 до 13,00 часот.
Наставничката Елица Атанасовска Стојанов свечeно го обележи денот со доделување диплома, книга и оригинално чоколадце. Присуството на родителите и членовите на Управата “Илинден 1903″ ја споделија успешноста на децата во изучување на македонскиот јазик. Се гордееме со овија деца.”
-напиша Смиле Петреовски на фејсбук по овој повод.


