ИСТОРИСКИ ЗВРЧКИ LXX-дел
К И Л И М А Н Џ А Р О
Највисокиот планински врв во Африка се вика Килиманџаро.Висок е 5895 м и се наоѓа во Танзанија.Демек него го освоиле двајца германци во 1889 г. нели германците секаде биле освојувачи. Но тоа не е точно.Јас како познат и признат (само од мене) расветлувач на...
Неодамна прочитав едно искуство на мудар човек кој болното минато го заменил со светла иднина.Така и нашава Небиднина од грутка, на некого Идеал, на некого Фри шоп, не одгледала да бидеме огледало на нашите гревови и желби!?
Скраја да е сета одвратна политика која локалните Шерифи не ја ни...
Замислете вака:
Имате наредба да формирате група диригирана од ,,корисен идиот" и си знаете однапред дека е со пресметано време на минување и користење.Имате средена средина на уфилмани каубојци кои не гледаат во чиј Салун влегуваат и чии маси кршат.Домородната крв е безвредна изгледа?Тука имате...
Ако во Огнениот појас за шиење рани користат машина, преку Атлантикот ги лепат со лепило, на Северот од Неверланд ги прошируваат како кутија на надеж...како жена на Епиметеј, а дело на Големите Богови.Оние кои даваат подароци во човечки облик, ненаучени да примаат од Данајците.
Е, од тие првите да се...
Откако преку научно истражување и во практика ги проучивме сите аспекти на Камилизација, дојдовме до студии на психијатри, консултирани правници, педагози и психолози, разбравме дека овој дефектен систем на вредности кој од зародиш веќе се насочува кон Програма за производство на екстрахирани...
Кога главно оружје требаше да стане Думата, Зборот, Мислата, тогаш секој се обидуваше во туѓата уста фејк да стави, а во туѓата глава ораница да направи, од мисли, дистрибуција на нискофреквентна струја наменета за потценети и инфилтрирани. Иако мојата смисла сега ви изгледа бесмислена, еден ден ке...
Н А С Л Е Д С Т В О
Нивните баби и дедовци
Не се крстеа
Во бога не веруваа
Во црква не одеа
Црквите ги разурнуваа.
Нивните мајки и татковци
Со лаги и со клевети
Добија високи функции
Направија сјајни кариери
Богатството не им се мери.
Внуците нивни денеска
Кои се во ниедна вера
На народот душа му...
Во жарот на борбата меѓу Нашите и Вашите се вмешаа Големите и ,,Неутралните". Се подготвуваа новите, старите и марксистите! Така почнува новата балканска епопеја на платформи и и лажни компромиси, на изминати рокови и на кинески монитори, на смрдеа и на миризба, на лага и на гола вистина... И тогаш и...
Индиферентната природа на луѓето во спектарот на надворешни соработници и неми набљудувачи не донесе до ова ниво на колекционери на дневни вести од трета класа и фискални сметки со поврат од 0.19! Па Бога ми еден и единствен, повеќе и не заслужил Народ кој се крие!?
Од детството па се до денес,...
-Зад решетката на мрежницата, чекајќи ја Зората да изгрее-
Мириса
болот на црвените усни,
а крваво лисје
жолто од срам молчи!
Сонувам за ново утро
за мисла што шушка
под босите нозе
на мојата Судбина.
Од пепелта сива
на муграта симбол,
алабастер во тишината
прецртува лице ...
-Таму каде што нема револуционери на цена се затворските казни-
Капат ситни капки по лицата на легионерите.Сонцето го вари и остатокот од несварениот мозок. Топло е до Балчак. Им гори под нозете. Рокови, продадени илузии, дилови на кило, де јавни, де тајни, настрани, настрана, странски, домашни… а се...
Сепак…мислевме ке биде со подобар крај…или НЕ е крај. Или ова е само сон, и тоа лош?!Ми се моткаат разни прашања обременети од тежината на горливата политичка состојба во која се доведовме,Ние, Народот на Р.Македонија.Не на Ф.И.Р.О.М., не на Б.Ј.Р.М., не на Горна Македонија или Северна…Кореја не ни е...
Тишина е...Селото во темнина спиеВо душата јад и немирСо мислите далеку патувамСрцето вознемирено бие.Ноќта е долга...Бавно поминува времетоГодините притискаатНатежнало бреметоСал спомени се будат искрат. Сонот не доаѓа...Пак во детството се враќамСекаде џагор секаде песниИ цел ден игри по...
На небото трепкаат sвезди,Штурците свират симфонија,Во душта некој немир се вгнезди!Ќе ја биде ли Македонија?
Соседите се нешто мрморат, бараат,Негираат народ, јазик, историја...Браќата меѓусебно се судат се караат,Држава ли е ова, или територија?
Севезден олеснувачи и дипломатиСовети делат,...
Што е љубов?
Да ги поливаш цвеќињата
Да ги галиш мачињата
Да ги храниш кучињата
Да играш со дечињата.
Да ги слушаш родителите
Да ги почитуваш учителите
Да ја познаваш географијата
Да учиш од историјата.
Да го вееш знамето
Да ја пееш химната
Да ја кажуваш вистината
Да ја сакаш правдината.
Тоа е...
Од нашите села си заминаа младите,
Нивјето запустени, неорани, несеани.
Гумната исчезнаа се зарамнија вадите,
Останаа бајки нераскажани, песни неиспеани,
И многу љубови неизречени, недоживеани.
Нема коњи, нема стада, ни овци, ни крави,
Нема крштевки, ни свадби, ни слави.
Тивки и празни се нашите...
Сарказмот е главното оружје на македонската интелектуала и во минатото и денес.
Особено денес во овие бури за македонскиот ген и идентитет.Сите интриги, сплетки и подметнувања во минатото се кукавичји јајца оставени на ,,лежење" при друга кукавица.
Според самиот систем на вредонсоти, тоа е...
Во време на суша и поплава ни се одјаде мирисот на човечко месо. Во време на невреме, чунки бура од идеи а на мегдан -воздух, празен како желудник и полн како празна глава, се јавуваат како печурки после дожд најразлични габи и жаби, дрвени, надрвени и крастави, зелени и полуотровни.
Се јавија и првите...
Чекаме наутро Чекаме со погледи кон истокЧекаме сонцето да го поздравимеЧекаме со кафе утринско да наздравиме.
Чекаме по цел денЧекаме да заsвонат телефонитеЧекаме да ни се јават децата, внуцитеЧекаме повик од далечините, од туѓините.
Чекаме приквечерЧекаме зад Голак да зајде сонцетоЧекаме...
Ни соборите во малешевските селаНе се тоа што некогаш беаМинуваат тивко без игра, без смеа.
Празни се куќите и дворовитеРетки се и звуците од камбанитеСе помалку богослужби во храмовите.
Се празнат малешевските селаЗамира животот во Двориште и РусиновоИста болка во Негрево, во...
Нашата Животинска фарма?
Стерилизирани кучиња и бесни мачиња ја поведоа колоната наместо вучјакот на Маршалот. Дебели свинчиња и останати живинки го влечеа Артур за јазик да каже нешто погрешно. Нешто тамам за во затвор. И затоа кутриот лик си замина од една на друга територија. Чунки таму други...
Сведоци сме на се' поголемото иселување од нашата држава , а знаеме и зошто е тоа така, па нема потреба да се поставуваат различни прашања во тој вид.
Каде сте , како сте?
Секако дека никаде не цутат рози, ниту пак дека постои држава обоена во розово. Но затоа постојат добри маски зад кои се...
Од памтивек на овој етнолошко-географски простор наречен Македонија неизбежен е миксот на различности.Место каде истокот и западот во ова наше секојдневие дифузираат создавајќи еден нов сет на вредности кои му даваат посебен белег на самиот простор.
Влијанието на ориенталните источни...